Четврто издание на Галичник филм фестивал од 4 до 6 август

Од 4 до 6 август во Галичник ќе се одржи четвртото издание на Галичник филм фестивал.

„Галичник Филм Фестивал се враќа со своето четврто издание и време е да „нурнеме“ во волшебниот свет на филмот. Подгответе се да бидете маѓепсани од моќта на приказните додека ви нудиме незаборавно филмско искуство какво што никогаш претходно не сте доживеале“, напишаа организаторите на Фејсбук.

Организаторите отворија и повик за волонтери, чиј краен рок за пријавување е до 22 јули.