Британски универзитет забрани фрлање капи на дипломската церемонија

Од британските дипломци е побарано во иднина да престанат да ги фрлаат своите капи за време на доделување на дипломите од здравствени и безбедносни причини. Имено, неколумина дипломци Универзитетот на Источна Англија биле повредени при оваа долгогодишна британска трација, јави БиБиСи.

Затоа од студентите е побарано да запрат со ваквата акција, а фрлањето на капите наместо реално, на фотофрафиите ќе биде додадено дигитално. Портпаролката на универзитет, за британските медиуми изјавила дека повредите предизвикани од паѓањето на специфичните капи со остри рабови е “неприфатлив ризик”.

Во последните две години, студентите се пожаиле на повреди на лицето, а минатата година на едно лице му била укажана и лекарска помош, изјави портпаролката.

„Ние сакаме да се осигураме дека демот на дипломирањетоза студентот нема да биде уништен од можна повреда што може да се избегне“, вели портпаролката и додава „ Со ова се согласија и нашите доставувачи на униформите кои често добиваат назад оштетени капи, а и нашите фотографи.”

Од универзитетот појаснуваат дека нема изречна забрана, туку наместо тоа е побарано од фотографите во текот на последната групна сесија да не го охрабруваат ваквото однесување.

„Универзитетот прифаќа дека некои студенти сепак ќе ги фрлаат своите капи. Тоа е нивен избор и ништо нема да се случи ако го направат тоа“, додава портпаролката.

Традицијате е преземена од американските матуранти кои ги фрлаат капите во знак на одбележување на крајот на своето средно образование. Некои британски лекари, сепак укаажа на непотребноста на оваа забрана наведувајќи дека повредите од капите се минимални и не може да бидат сериозни.