БитолаНаТочак: Во 2019 ќе се посветиме на помалку, но поголеми Критични маси

Во 2018 се извозија 12 критични маси, детска критична маса проследено со други детски активности, учество на јавни дебати, поставување на нови вело паркинзи и дигитален активизам со споделување на ставови и решенија и јавни реакции за разни состојби во градов.Во 2019 планираме да не ја трошиме цела енергија на критичните маси и креираме простор и за другите форми на дејствување, информираат од БитолаНаТочак.

Наместо 12 настани од помал тип, иницијативата ќе се посвети на помалку, но поголеми настани, па така ќе работат на два настани поврзани со Критични маси – во април и септември.

„Покрај тие две, дополнително уште две активности, во февруари зимски ден на работа на точак и детска Критична маса во мај. Покрај ова, ќе продолжиме со дигитален активизам на Фејсбук и Инстаграм со споделување на ставови и решенија и јавни реакции за разни состојби во градов. Ќе се фокусираме и на реализација на проектот за поставување на честири сервисни станици за точаци“, соопштува БитолаНаТочак.

Исто така, иницијативата ќе работи на правење на вело мапа на Битола со вело патеки, станиците, паркинзи и сл. која подоцна би можела да биде интегрирана во веб страна и апликација.

„Со цел поттикнување на проектот за вело патеките ќе пробаме да поттикнеме соработка со студенти од сообраќајниот факултет. 1-2 волонтерски активности за промоција на вело културата. И секако обид за поголема соработка и поттикнување на општината. Секој кој има волја и ентузијазам и малце време кое може да го издвои за јавен интерес е добредојден да се активира“, повикуваат од БитолаНаТочак.