Бесплатна детска работилница за графика во парк МКЦ

Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар во Скопје организира креативна бесплатна работилница за деца за графика.

Овогодишниот концепт за работилницата е печатење со компир-клише.

Работилницата ќе се одржи во сабота (3 октомври) во парк МКЦ, со почеток во 12 часот.

Пријавата за учество е задолжителна на nesovskidoro@gmail. com. Максимум се дозволени 10-15 учесници, на возраст: 5 – 9 години.

Ментори ќе бидат Ана Димчевска Семенпеева-ликовен графичар-конзерватор, Виктор Семенпеев-ликовен графичар
Доротеј Нешовски-интердисциплинарен уметник

Идејата на работилницата е да ја разбуди имагинацијата и креативноста кај младите учесници да создаваат отпечатоци со нетоксични материјали, учесниците прво ќе се запознати со концептот и значењето на печатот низ историјата, како и процесот на работа.

„Графичко едукативната работилница за деца – е обид да се воспостави традиција на неформално образование во ликовноста со цел да се доближи процесот на создавање на графичкиот израз до децата“, велат организаторите.

Преоритетна цел на работилницата е учесниците да работат со нетоксични материјали (картон, хартија, дрвофикс, компир) во изработка на клишеата, додека печатењето на истите ќе ги вршат менторите заедно со децата.

„Целта на Графичко едукативната работилница за деца преку неформално образование да се доближи графичкиот израз до учеснците кои имаат афинитети и талент за ликовната уметност. На овој начин ќе се овозможи учесниците да го следат целиот процес на создавaњето на графиката; На ваков начин ќе се поттикне и креативното размислување кај децата. Посредно ќе се доближи користење на традиционалните техники за печатење на графиките со помош на менторите“, стои во најавата.

Организаторите посочуваат дека шротоколите за почитување на мерките и држење дистанца од 2м и носење маска се задолжителни.

Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кои експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3Д моделатори, музиколози, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика, издавачи, дизајнери за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.