Анимакс Скопје Фест следната недела во Кинотека на Македонија

Од 1-ви до 4-ти декември, во Кинотека на Македонија, ќе се одржи шестото издание на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.

Оваа година на фестивалот се пријавија рекордни 1.527 анимирани филмови, меѓу кои краткометражни, долгометражни и анимирани филмови наменети за деца.

Во четирите фестивалски денови ќе бидат прикажани 42 краткометражни анимирани филмови, 18 анимирани филмови наменети за деца и ќе бидат одржани неколку работилници и промоција на книга.

Официјалната програма на Анимакс Скопје Фест можете да ја погледнете на нивната интернет страница.