„Анатомија на падот“ освои четири Европски филмски награди

На триесет и шестото издание на Европските филмски награди се доделија статуетките за најдобрите европски филмски остварувања за оваа година, а синоќа на церемонијата во Берлин, главната награда ја однесе францускиот филм „Анатомија на падот“ на режисерот Жастин Трие.

Филмот ги однесе и наградите за најдобар режисер – Жастин Трие, најдобар сценарист – Ж. Трие и Артур Харари и најдобра актерка во главна улога – Сандра Хилер.

За време на нејзиниот говор , Хилер побара од публиката минута молк и додека „замислуваат мир“, иако не прецизираше за кој конфликт.

Неконвеционалната мистерија на Трие се занимава со родителството и товарот на одговорноста низ односите, раскажувајќи приказна за можно убиство на Алпите.

Данскиот актер Медс Микелсен ја освои Наградата за најдобар актер во главна улога како капетан во историографската драма „Ветена Земја“ во режија на Николај Арцел.

Други победници беа документарениот филм „Smoke Sauna Sisterhood“, чија естонска режисерка, Ана Хинтс, наместо да даде говор, испеа песна.

Две британски режисерки ја привлекоа европската публика – 30-годишната британска режисерка Моли Менинг Вокер ја освои на наградата European Discovery за дебитантските режисери со „Како да имаш секс“, додека Шарлот Реган ја доби наградата на младата публика за нејзината комедија-драма „Скрапер“.

Оваа година во трка за главната награда беа три филмови -„Анатомија на падот“, „Зона на интерес“ и „Лисја што паѓаат“.

Европските филмски награди, познати и како Европски Оскари, целат да ги препознат најдобрите филмови од последните 12 месеци на географската територија на Европа.

Сите победници и номинирани може да ги погледнете тука.