Активности за децата со посебни потреби кои може да им помогнат полесно да се справат со изолацијата

Младите специјални едукаторки и рехабилитаторки Мартина Профитовска и Елеонора Наумоска направија листа со активности кои ќе им помогнат на децата со посебни потреби и нивните родители полесно да се справат со престојот дома поради изолацијата.

„Се наоѓаме во еден период каде што поголемиот дел од времето го поминуваме дома. Но, гледаме загриженост од страна на родителите кои имаат деца со посебни потреби што е и очекувано, зошто детето може да стагнира. И не само родителите на деца со посебни потреби, туку загриженост има кај сите родители особено ако имаат помали деца. Во овој пост ние ќе ви презентираме некои вежби и ќе ви објасниме за што служат вежбите“, велат тие за Радио МОФ.

Сепак, тие истакнуваат дека секое дете има свој тек на одвивање и потребно му е одредено време за да се прилагоди на вештините, па затоа, апелираат до родителите да не ги избрзуваат своите деца и да го следат нивниот развој.

Во продолжение, прочитајте што советуваат спедијалните едукаторки Профитовска и Наумоска:

12-17 месеци

Во  период од 12-17 месеци, децата многу уживаат да ги земаат играчките од кутијата во која стојат и да ги враќаат назад. Можете да ги искористите нивните интереси и да вежбате со децата преминување на средишната линија на телото. Средишната линија претставува имагинарна вертикална линија на нашето тело, од челото надолу кон нозете. Всушност, го дели нашето тело на лева и десна страна. Важни придобивки од преминувањето на средишната линија вклучуваат: комуникација на десната и левата страна на мозокот, овозможуваат двете страни на нашето тело да работат заедно и да се движат на посоодветен начин за работа.

Активности за поголемите деца, користејки го преминот на средишната линија, на пример: да облекуваме чевли, да играме спорт, да се тркаламе и да седиме, развој на дланката, подобрување на визуелното следење, читање, сечење и пишување на хартија;

Сложувалки

https://www.facebook.com/mali.stapala/videos/2746524045458501/?__xts__%5B0%5D=68.ARDCxQ40i-vFFRtcxIyx44pSee_KSkPitJTCgWvT9d2XPgl0IXkh-dSTIjCIpz3VyO0OBXPeTjV4i9Yt4IAEvujFkxVxzB1Z7rBwwTuBDB0aAUdyr4VpgCD6VKJjCc8WZCEXCPSJLnrOM9j2QC6Thr0gtJsbCasSdmX93Z-CkpOdmZNnw0QAq4il97_qp0kSL-UHWBCUOJDRUQQSP-TsdJ90RM-u-TzrZuwawbRAuzE1S9lTu4dp-cREHJq9H-tdhkJqSmm5xutDLr2oYPfTbyE_5QL9Xy_uuWex2kR0N2aCHalgiyflWCGKT8DEDqhP1nBy_76-xLLLTMbbsXx3bZ1LJxXNbcn-vRg&__tn__=-R

Сложувалките се од големо значење за интелектуалниот и когнитивниот развој на децата. Сложувалките треба да се адекватни за возраста на детето.  Дете на две ипол години треба да знае да состави сложувалка од два дела. На три годишна возраст треба да знае да состави сложувалка со 4 до 6 дела, па на крајот кога ќе ги усвои овие вештини веќе може да се оди на составање од 10 до 12 делови. Сложувалката влијае во око-рака координацијата, развој на фина моторика, го поттикнува мисловниот процес, развој на говор (именување поими, форми), математички поими, развој на внимание, фокус, концетрација, меморија, развој на визуелна перцепција и нормално логичко размислување. Секако, ако детето не знае се уште, почнувате со сложувалка од два дела, па нагоре.

Сензорни балони, вежбање со помош на штрафчиња ( поголеми, помали ), месење на смеса, отпетлување и запетлување, лепење и сечење.

https://www.facebook.com/mali.stapala/videos/274745786851591/?__xts__%5B0%5D=68.ARDGYlNQRELXsPEtmEB7TxHf-5jxV356T_ax3bPcUz27RQ35rNkByxx8HgNRWRfLY_4Z02ltnC8nbpl98WzSn2QJic4SW0BZO4NjaOYOhzJSuwQenLQi-RRn5966EqcT8I0Y03kGQTW8aYhb9sFkpXh0Giq6gfD2ICkxzy9IIfX0sfhwH5aiF8AYGnfdXRJiRZidI2hQz0MUd9UvPTIgvvxTiQ8PUJPUVB7ZCANIhFreRfFYSe-5ZkdNFEr09xVuIRBN3CCH9o1n-Jjvb8DH9sPpekXCSvn1X5Z9LxauAVu8qOhocag3Nko2rp3yIV8qUQBlcCk2KLfCDKfoPo_BdeX7MDEEm5dwqVs&__tn__=-R

Експертот Ранко Рајовиќ во едно интервју посочува дека новите истражувања кои се спроведени во Хардвард говорат на фактот дека 14% од синапсите припаѓаат на прстите. Ако го имаме во обзир фактот дека интелектуалниот развој зависи од бројот на синапси, тогаш треба да даваме стимулс на прстите. Како би го направиле тоа? Повеќе балони наполнете ги со различни текстури. Некаде ставете брашно, некаде песок, некаде земја, некаде грав, ориз итн. На детето давајте му ги да ги испитува. Од друга страна е добра сензорна вежба. Преку ова активност освен што го подобрувате сензорниот и тактилниот дел, можете да го користите за: билатерална координација (способност детето да ги користи двете страни од телото), учење бои, фина моторика, следење шема, визуелна перцпеција, внимание и концентрација и преминување на средишната линија

А што со штравчињата? Ја развивате фината моторика и ова вежба е припрема за правилно држење на молив, а попратно се учи кое е поголемо, кое е помало.

Фината моторика, односно прстите на рацете и тоа како се поврзани со развојот на говор. Физиолозите  говорат на фактот дека ако движењето на рацете одговара со развојната доба на детето, тогаш и говорот треба да е уреден. Децата најчесто кога не знаат да кажат, покажуваат со прсти. Можете да изведувате форми од различни текстури, можете да одлепувате колаж, да кинете хартија додека е помало. После веќе накај 2-3 години да користете откопчување и закопчување на патенти, па 3-4 години откопчување и закопчување на копчиња итн.

2 години

Детската фантазија во овие години нема граници. Една од најважните игри е играта на улоги (преправање дека детето е некој друг). Детето со радост ќе се обиде да ги одигра улогите на сите кои го опкружуваат. Ќе стане мајка и татко и ќе се грижи за вас. Ако во семејството некој се разболи, може да биде и доктор. Посебно искуство за детето е посета на театарска претстава. Па, можете заедно дома да изведувате некоја претстава. Најадекватни за таа возраст се куклени претстави. Отворено е за игри со улоги. Со задоволство се преправа дека е некое животно, па имитира со звуци и однесување. Во игрите во песок толку е напреднато што знае да додаде вода, со што го подобрува материјалот за изработка на колачи и останати фигури, гради патишта, подземни железници и населби. Дете од 2-3 години сака цртање и сликање. Ова е време кога можете да му ги претставите различните техники во уметноста. Освен со фломастер, може да слика и со прсти. (Внимавајте на ѕидовите во домот и објаснете му дека тоа не треба да го прави)

Активности – знае да го најде предметот што му го барате, препознава 5,6 предмети, на пример: животни, препознава и делови од телото, знае да препознае личност во група на луѓе.

Ракување со ножици

Ракувањето со ножици претставува комплексна активност која е комбинација од стекната вештина и компетенции од моторниот и интелектуалниот развој. Самиот моторен развој е поврзан со физичкиот раст и развој на мозокот. На 3 години детето би требело да почне да црта квардат и да сече кружен облик веќе до 5-та година би требало прецизно да држи ножици. Доколку се уште не сте започнале со користење на ножици, почнете да сечите едноставни прави лини, потоа учите и други форми. Но, напоменуваме да не го форсирате детето и да се движите заедно со нивниот развоен тек.

Доколку имате потреба од други инфромации контактирајте нè на eleonoranaumoska@hotmail.com  profitovska.m@gmail.com Повеќе примери на активности на следниот ЛИНК.