Активистот Натан Ло го напушти Хонг Конг за да избегне прогон на основа на законот за национална безбедност

Истакнатиот активист Натан Ло го напушти родниот Хонг Конг за да избегне прогон на основа на новиот Закон за национална безбедност кој беше донесен на почетокот на неделава, пренесува „Ал Џазира Балканс“. Ло денеска преку Твитер напиша дека ќе продолжи да се бори против тишината и прогонот од странство, но не откри каде моментално се наоѓа од безбедносни причини.

„Никој во Хонг Конг не е во илузија дека Пекинг пробува да ги почитува нашите основни права“, напиша Ло.

„Масовните апсења започнаа уште од првиот ден од стапувањето законот за национална безбедност во сила“, стои во неговата објава.

Законот предвидува и доживотен затвор за обиди за отцепување, субверзија, тероризам или соработка со странски сили.

Активистот наведе дека неговата безбедност можеби е веќе загрозена, поради тоа што пред два дена го критикувал законот за време на сослушување во американскиот конгрес, на кој учествувал преку видео-врска. Ло постојано лобираше, повикувајќи ја меѓународната заедница да преземе акција против се поголемите овластувања на Пекинг во Хонг Конг.

Кина го усвои контроверзниот закон за безбедност во Хонг Конг