76 години од првиот цртан филм „Том и Џери“

На денешен ден (10 февруари) во 1940 година е емитувана првата епизода од анимираниот серијал „Том и Џери“, кој е незаменлив дел од дестството на многу генерации.

Епизодата со наслов „Puss Gets The Boot“ таа година е номинирана и за „Оскар“, но не ја добила угледната награда. Подоцна, вкупно шест епизоди од „Том и Џери“ добиле „Оскар“.

Серијалот, во разни анимации и верзии, бил активен повеќе од 50 години, од кои 17 години со оригиналниот авторски двоец, William Hanna и Joseph Barbera (114 епизоди од 1940 до 1957 година).

Музиката од „Том и Џери“, во изведба на Оркестарот на John Wilson: