13 нови случаи на Ковид-19, сите новозаболени од Тетово и Скопје

Министерството за здравство информираше дека изминативе 24 часа регистрирани се 13 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.404 направени тестирања. Новите случаи се регистрирани во: Тетово – 7, Скопје – 6.

Изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица од вирусот, а регистриран е еден оздравен пациент од Прилеп.

Направените 3.404 тестови се преку: ИЈЗ-115, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-54, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово–24, ЦЈЗ Куманово–23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–17, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-237, Биотек-160, Систина-77, лабораторија Лаор-212, Синлаб-34, Ремедика-31, Плодност–31, Генеа–9, Никоб лаб-675, ВФВ Медикал-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.522.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172. Досега во земјата се направени вкупно 906.529 тестирања на Ковид-19.