674 нови случаи и 27 починати лица од Ковид-19 изминатово деноноќие

Министерството за здравство информираше дека изминативе 24 часа се регистрирани 674 нови случаи на Ковид 19 од вкупно направени 4.618 тестирања.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 253, Тетово – 105, Гостивар – 44, Куманово – 36, Струмица – 32, Кичево – 26, Прилеп – 24, Дебар – 19, Битола – 18, Штип – 16, Свети Николе – 14, Струга – 13, Велес ,Кавадарци и Охрид – по 12, Ресен – 7, Кочани, Гевгелија и Кратово – по 5, Виница – 4, Неготино – 3, Берово и Пехчево – по 2, Крива Паланка,Радовиш, Валандово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се 27  починати лица: 7 починати лица од Тетово (49г, 69г, 71г, 74г, 74г, 81г и 89г), 6 починати лица од Гостивар ( 37г, 65г, 71г,72г,74г и 76г),  5 починати лица од Скопје (49г, 60г, 68г, 78г и 87г), по 2 починати лица од Дебар (49г и 61г), Свети Николе  (58г и 73г) и Струга (36г и 77г), и по едно починато лице од Куманово (63г), Струмица (56г) и Велес (69г).

Сите пријавени лица  се починати во болнички услови.

Изминатово деноноќие регистрирани сe и 403 оздравени пациенти.

Направени се 4.618 тестови преку: ИЈЗ-208, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-85, ЦЈЗ Прилеп-84, ЦЈЗ Тетово–176, ЦЈЗ Куманово –52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-293, Биотек-133, Систина-118, лабораторија Лаор-416, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–104, Генеа -8, Никоб лаб-555, ВФВ Медикал-79, Ели Медика-64, Ројал Медика –52,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.894.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 175.330, бројката на оздравени пациенти е 155.101, на починати е 5.869, а бројот на активни случаи изнесува 14.360.

Досега во земјата се направени вкупно 1.149.699 тестирање на Ковид-19.