Министерството за здравство ќе го набави молнупиравир, единствениот лек за Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) информираше дека ќе го набави молнупиравир, единствениот лек против Ковид-19.

Оттаму велат дека стапиле во контакт со производителот на лекот, односно компанијата МСД, и за кратко време велат дека ќе започнат преговорите за негова набавка.

„Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%“, велат од МЗ.

Истовремено, тие укажуваат дека лекот и вакцината против Ковид-19 не може да се споредуваат, односно, посочуваат дека вакцините против коронавирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход.

„Вирусот Ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2“, додаваат од МЗ.