Во Битола изложба на уметничка фотографија во чест на Мирко Попов

Во кафе барот Порта Џез во Битола,  денеска (30 април) ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски, посветена на мултимедијалниот македонски уметник, продуцент и автор Мирко Попов (1972 – 2024).

Како што информираат од Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ-Битола), фотографиите се сценски фотографии во вид на комбинирано спојување меѓу визуелна и аудитивна (музичка) импровизација специфична за џез музиката, а се направени од фестивалите: ПМГ Рекордингс и Крај Вардарот Џез.

Проектот на МКЦ-Битола, Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена е финансиран од Швајцарската Амбасада во Скопје.