Со изложба посветена на битолскиот сликар Стојан Апчевски се отвора новата ликовна сезона во КИЦ-Битола

На 26 јануари од 18 часот во Офицерскиот дом во Битола ќе биде отворена галериска поставка посветена на ликовниот опус на Стојан Апчевски, едно од големите имиња на битолската и македонската ликовна сцена кој го одбележа минатиот век.

Од Културно-информативниот центар – Битола велат дека со оваа изложба започнува новата ликовна сезона, која ќе биде обемна и респектабилна.

„Битола од крајот на четириесеттите години до средината на девдесетите од минатиот век, оствари богат, современ и актуелен ликовен творечки амбиент, кој што често беше на рамнише на поважните ликовни случувања во југословенските простори. Делото на сликарот Стојан Апчевски иако е дел од тоа севкупно достоинствено, важно и значајно ликовно миље, остана недоистражено, неархивирано, без посериозни толкувања и размислувања. Ова е прв обид да се рехабилитира еден значаен опус кој е дел од тоа неповторливо европско творечко и културно живеење на Битола“, стои во освртот на Владо Ѓорески кон поставката.

Повеќе информации може да најдете на следниов ЛИНК.