Повеќе бендови и диџеи на хуманитарна свирка за Небојша Додевски – Грицко

Гаргојлс, Тотално Опуштање, Коноп и многу други, во недела (9 април), во Младинскиот културен центар со почеток од 16 часот, ќе свират за Небојша Додевски – Грицко.

Грицко има сериозен проблем со бубрезите, а како што пишуваат организаторите, оди на дијализа три пати неделно.

„Тие што го познаваат, знаат дека Грицко е човек кој секогаш бил прв што ќе се понуди да помогне на било кого, познат и непознат. Сега е време да му вратиме со иста мера, и повеќе. На 9 април во МКЦ се обединуваме да покажеме дека андерграундот не заборава“, пишуваат организаторите во настанот.

На свирката ќе настапат РутБој, ЖолтиМан, Коноп, Сватовски, Тотално Опуштање, Гаргојлс, Амброз, Формлес Терор, Диџеј Славе и Васко Атанасоски. Картата чини симболични 100 денари, а ќе има и кутија за донации за секој кој е во можност да даде повеќе.