Добротворна изложба за Грицко утре во „Галерија 7“

Во знак на поддршка и солидарност со Грицко, во „Галерија 7“ во Старата чаршија, на 21 мај (понеделник) со почеток во 20 часот се организира добротворна изложба.

Се работи за цртежи, слики и графики од неколкумина млади автори.

„Добредојдени се сите оние кои би сакале да придонесат колку финансиски, со купување на некакво дело, толку и духовно, со присуство и потпора за една сестрана и позитивна личност како Грицко“, стои во најавата за настанот.

Небојша Додевски – Грицко веќе некое време има здравствени проблеми. Тој е активист, хуманитарец и добро познат лик низ андерграунд сцената, а години наназад е движечка сила на акциите „Храна, а не оружје“ (Food not Bombs).