Уметници солидарни за Грицко – продаваат свои дела во „Олд скул“ за да соберат пари за негово лекување

Уметници и музичари денеска во кафулето „Олд скул“ во Скопје од 16 часот ќе постават свои дела на продажба за да соберат пари кои потоа ќе ги донираат целосно на активистот Небојша Додевски – Грицко.

Додевски е познат по своите хумани акции, каде со екипата на „Храна, не оружје“ готвеа и делеа бесплатна храна за граѓаните. Но, изминативе години се соочува со сериозни здравствени проблеми, а во исто време е одбиван од државата за помош и надоместок.

За време на настанот, ќе биде поставена кутија за донации на самиот влез на кафулето. Ќе можат да се купат и слики од уметникот Димитар Младеновски, ќе се продава накит, албуми на домашни бендови…

„Да се појавиме во што поголем број на овој настан, но во исто време и да ги почитуваме сите мерки за заштита од Ковид-19.На настанот ќе слушаме музика од омилените артисти на Грицко“, стои во најавата за настанот.

Радио МОФ пред три години му се приклучи на Додевски при една од акциите на „Храна, не оружје“. Во продолжение, запознајте се повеќе со она што го прави: