[Фото] Споменик на „Дијазeпам“ го краси центарот на Скопје

Од попладнево, во центарот на Скопје никна „Споменик на Дијазeпамот“. Урбаните герилци смируваат, ова не е дел од „Скопје 2014“, туку нивна акција инспирирана од фактот дека ова средство за смирување е втор по продажба лек во Македонија, пишува А1Он.

Споменикот кој веднаш предизвика интерес меѓу минувачите, ја претставува зголемената потрошувачка на антидепресиви, во 2013 година, во однос на 2010 година. За три години, потрошувачката на „Дијазeпам“ се зголемила за над 1,6 милиони реализирани рецепти, односно за околу 30 отсто, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување.

Овој тренд е во нагорна линија и претпоставките се дека во 2015, бројот на реализирани рецепти ја надминал бројката од два милиона рецепти (пакувања) а најмалку 500 000 пакувања се купени приватно само со рецепт од матичен лекар.