Злато за македонскиот тим на Европското првенство во танци во Москва

Македонската танцова школа „Dancers United“ освои злато на Европското првенство во танци кое се одржа во Москва.

„Нашите Ds Crew и DU Crew Европски прваци во танци во Москва“, напишаа на својот ФБ профил од „Dancers United“.

Победничкиот тим вклучува неколку млади со Даунов синдром, меѓу кои и Александар Матовски- Цако, поет и автор на емисијата „Јас сум Цако“ на Радио МОФ.