Јас сум Цако – I am Cako

Јас сум Цако – I am Cako

„Јас сум Цако“ е авторска радио емисија на Александар Матовски Цако која се емитува секоја претпоследна среда во месецот на Радио МОФ. Во неговата емисија Цако става акцент на различни аспекти на животот на лицата со Даунов синдром и на лицата со попреченост во целина.

Сезона 9

——-

Јас сум Цако 17.04.2024 – S09EP6 – 20:00

Во најновата емисија на „Јас сум Цако“, гостинка е новинарката Соња Драгољуб Гиздавиќ.

Цако со Соња разговара за книгата „Приказни од ‘‘петка” и инспирацијата за истата како и за нејзината кариера, изработката на накит и модното креирање.

———

Јас сум Цако 20.03.2024 – S09EP5 – 20:00

Во најновата емисија на „Јас сум Цако“, темата е: Имам право да се информирам за моите права.

Гостите во емисијата на Цако се Драги Змијанац од Првата детската амбасада „Меѓаши“ и спортскиот новинар Бранко Чупески.

Цако со Змијанац разговара за детските права, конференцијата „Креирај го своето место за растење“, но и дали се маргинализирани малцинските деца. Со Чупески, пак, зборува за тоа како е да се биде спортски новинар, но и за учеството во танцовото шоу „Танц со ѕвездите“ и познавањето на танцот.
——

Јас Сум Цако S9 EP4 – 21.02.2024 20:00

Во новата емисија има одлични гости кои говорат за музиката како и за книжевноста. Со нас вечерва ќе бидат Марко Марк и д-р Весна Дамчевска Илиевска. Уживајте во ова епизода вели Цако.

———

Јас Сум Цако S9 EP2 – 24.01.2024 20:00


Во новата епизода на Јас Сум Цако гостува Стојан Трпчевски новинар во МРТ и воедно е автор на емисијата дипломатија и бизнис. Цако вели дека неговата приказна е посебна.

____

Јас сум Цако 20.12.2023 – 20:00

Во првата емисија оваа сезона на „Јас сум Цако“,Цако ги отвора темите врзани со професијата стоматолог и односот со лицата со попреченост. Исто така, дигитализацијата на книгите и образованието, размена на младите во Еразмус проектите, како и теми за сексуално образование и родово базирано насилство.
Гостинката во емисијата е Елизабета Ѓоргиевска, првата дама на Република Северна Македонија

—-

СЕЗОНА 9

 

ЕПИЗОДА 9

Во новата епизода на емисијата „Јас сум Цако“ ќе има одлична забава. Со гостите Марга и Кире зборуваме за музиката и книжевноста, а од другата страна на микрофоните се Цако и Денис Јанкулоски.

ЕПИЗОДА 8

Со Ирена Лозана и Денис Јанкуловски зборувавме за предизвиците со кои се соочуваат лицата со атипичен развој. Исто така Ирена ни раскажа како поминала инклузивната трка во градскиот парк, додека пак Денис ни раскажа за создавањето на неговата книга, како и за нејзината прoмоција што ќе се случи на 27 мај во МКЦ.

ЕПИЗОДА 7

На линкот ја имате последната епизода од серијалот „Јас сум Цако“, каде што разговараме со Ана Пандевска за различни теми околу културниот живот и човековите права. Ќе слушаме и нејзина авторска музика, затоа клик на плеј копчето и уживајте!

ЕПИЗОДА 6

На линкот погоре ја имаме шестата епзиода од „Јас сум Цако“. Ајде заедно да влеземе во светот на библиотеките каде има многу книги.
Секоја страница е посебна сама за себе.
Таква е оваа емисија.
Каде владее спокојот и мирот.
Оваа атмосфера ќе ни ја доближат Бојан Матовски и Васил Толевски.

ЕПИЗОДА 5 

Можете да ја проследите петта епизода од серијалот „Јас сум Цако“, во која како гостин го имавме Goran Papazz . Слушнете за што разговараа со Цако и како неговиот саксофон е неговата најголема инспирација.

ЕПИЗОДА 4

Јас сум Цако“ новогодишна емисија. Кликнете на линкот уживајте во содржините што ви ги спреми Цако заедно со неговите гости.

ЕПИЗОДА 3

Во третото издание од осмата сезона на “Јас сум Цако”, гости ни беа Сања Арсовска, Никола Наумоски и Весна Попоска со кои зборувавме за многу важни општествени теми врзани за позицијата на жената и родовата еднаквост. Емисијата ни ја развесели и детска музика. Клик на плеј копчето и уживајте!!

ЕПИЗОДА 2

Со клик на плеј копчето ќе имате можност да ја проследите втора епизода од новата сезона на Јас сум Цако а во неа гости ни беа:

Александар Динев , водител на емисијата „Магазин“ на Сител ТВ, со кого разговаравме дали медиумските куќи им даваат доволно простор за изразување на лицата со попречености, Петар Мукоски од МОФ и еден од организаторите на Engage, за тоа како поминал настанот и кои биле нивните очекувања и Денис Јанкуловски – Космонаутко, здравствен работник со кој се потсетивме за историската пандемија што ја сведочевме и за тоа како децата се справувале со неа.

ЕПИЗОДА 1

Во првата епизода од деветтата сезона на серијалот „Јас сум Цако“ ни гостуваа проф. др. Билјана Камчевска , проф. др. Весна Макашевска и доц. др. Симона Палчевска , како и Бојан Кордалов – комуниколог.

 

СЕЗОНА 8

ЕПИЗОДА 8

На линкот ќе имате можност да на проследите осмата епизода од серијалот Jас сум Цако – I am Cako, каде што разговаравме со Ratka Tiricovska и Marko Mark, за тоа како поминало шестото издание на ревијалната трка #ВозиПравоВозиЗдраво во организација на Стопанска банка АД – Скопје.

 

ЕПИЗОДА 7

Во седмата епизода од оваа сезона, гости ни беа Dancers United, кои се вратија од Европското првенство, каде се закитија со многу награди. Кликнете на линкот и уживајте!!

 

ЕПИЗОДА 6

Најновата епизода од 8 сезона на Јас сум Цако,достапна за преслушување, во неа гости Ристе Ссавески – координатор на програмата на Учиме Право, и Дино Шкрињариќ – водител на емисијата „Хип Хоп Манија“.

 

ЕПИЗОДА 5

Во петатта епизода ни гостуваат Симона, Верица и Томи. Темата на која зборуваат со Цако е „Живееме здраво, а и чисто“.

Клик на линкот погоре и уживајте со нас, славејќи ги и Денот на пролетта и Денот на лицата со Даунов синдром.

 

ЕПИЗОДА 4

Покрај пандемијава, која сѐ уште е главна тема, заборавивме да говориме за убави нешта: важноста на медиумите и уметноста. Но, затоа тука е новата епизода на Jас сум Цако – I am Cako на нашиот водител Aleksandar Matovski. А, како шлаг на емисијата ќе биде поврзувањето на медиумите, уметноста и социјалните прашања.

Гости во оваа емисија ни беа Бојан Шашевски – Шаше, Сузана Турунџиева и Ана Голејшка.

 

ЕПИЗОДА 3

Во третото издание од осмата сезона на “Јас сум Цако”, гости ни беа Сања Арсовска, Никола Наумоски и Весна Попоска со кои зборувавме за многу важни општествени теми врзани за позицијата на жената и родовата еднаквост. Емисијата ни ја развесели и детска музика. Клик на плеј копчето и уживајте!!

 

ЕПИЗОДА 2 

Во втората епизода од серијалот „Јас Сум Цако“ ќе имате можност да ги слушате приказните на Паблик – Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, познати по уличното списание Лице в лице и ТреккМи – интересен бизнис концепт на пешачки тури и недоливи цитрусни производи. Горазд Цветковски ни чита #ИнстаПозија, а имаме и интервју со Розе Симоноска, млада режисерка и Ирена Лозана, јогина.

 

ЕПИЗОДА 1

Во првата епизода од осмата сезона Цако говори за бизнис идеја, како и за книжевна критика, за крај ве води со светот на зенот, кликнете плеј и дознајте кои беа гости на Цако.

 

СЕЗОНА 7

 

ЕПИЗОДА 7   

Во седмата епизода на „Јас сум Цако“ ги имаме професорката по кинески јазик, Сузана Недевска и младиот Матеј, кој е силно заинтересиран за процесот на креирање и експресија преку зборови и мелодии.

ЕПИЗОДА 6 

Цако својата емисија ја посвети на бебето Ангел, но разговараше и со Денис Јанкуловски – Космонаутко за неговата улога во пандемијата. Клик на линкот и уживајте.

 

ЕПИЗОДА 5

Цако во својата 5та епизода разговарa со Маја и Ивана, кои ги раскажуваат нивните приказни. Кликнете плеј и слушнете за што разговараа Цако, Маја и Ивана

 

ЕПИЗОДА 4

Во четвртата епизода од подкастот „Јас сум Цако“ тој зборува со Росица Колева, едукаторка, активистка за инклузивно општество а воедно и негова пријателка. Тие зборуваат за предизвиците во годината што следи, но и за оние кои веќе ги поминавме.

 

ЕПИЗОДА 3

Седмата сезона од подкастот насловен „Јас сум Цако“ ја продолжуваме со третата, новогодишна епизода со нашиот автор и водител Александар Матовски-Цако, снимана во домашна атмосфера на самиот почеток на Новата, 2021 година. Гостинка во ова издание „Јас сум Цако“ е младата новинарка и поетеса Викторија Петровска.

 

ЕПИЗОДА 2

Втората епизода од подкастот „Јас сум Цако“ зборуваме за културата, но и за спортот. Проверете кои беа гости на Цако и уживајте.

 

ЕПИЗОДА 1

Седмата сезона од подкастот насловен „Јас сум Цако“ ја стартуваме со првата епизода снимана во домашна асмосфера. Цако се враќа во улогата на водител и во друштво на Бојан и Магде ви подготви интересни содржини и теми за разговор.

Инаку, Бојан Матовски е брат на Цако, програмер во областа на обработка на слика и 3Д податоци кој работи во Дип Хелт Скопје на медицински проект за хируршка навигација. Магдалена Мирческа пак е медицинска сестра и работи на Дигестивна хирургија, во операциона сала.