Заврши снимањето на македонскиот краток филм „Роденден“

Продуцентската куќа „Сектор филм“ заврши со снимањето на краткиот игран филм „Роденден“, во режија и по сценарио на Косара Митиќ. Снимањето на филмот се одвиваше на повеќе локации низ Скопје.

„Роденден“ е филм за група тинејџери кои на еден бизарен начин го прославуваат полнолетството на нивниот другар, нудејќи му предлог кој нема да може да го одбие. Актерската екипа ја сочинуваат Никола Колев, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Силвија Стојановска, Милица Стојанова, Ана Костовска, Сара Климовска и Емил Костовски.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.