Затворање на Десонанз со мултимедијалниот балет/танц перформанс – „Кинтсуги“

Десонанз фестивал вечерва (11 декември) од 20 часот ја затвора програмата за 2019 со премиера мултимедијалниот балет/танц перформанс „Кинтсуги“ конципиран од македонската балерина Ивана Коцевска.

„Претстава за траумите, повредите, навредите кои оставаат лузни од кои не треба да бегаме. Напротив, ги прифаќаме и ги носиме со гордост бидејќи тие се она нешто  кое придонесува при нашето  оформување, дел од искуствата кои не градат“, стои во најавата за перформансот.

Во перформансот како танчери настапуваат Ивана Коцевска и Валентино Апостоловски, музиката е на Димитар Николов, костимографијата на Милена Атанасова, Петар Џон е автор на видеоартот, а Сашо Алушевски на фотографијата.

Вечерта продолжува со настап во живо на германскиот електронски автор OAKE, а завршува со настапот на француското електронско дуо Parhelic Shell.