За прв пат во светот се продаваат честитки за Свети Валентин за хомосексуални парови

Свети Валентин е еден од најзначајните празници во Велика Британија, како и други земји на Западот. Празникот, кој се слави на 14 февруари, е причина за огромен број креативни и романтични писма и честитки, кои можат да се купат насекаде. Но, геј паровите најчесто мораат да импровизираат, бидејќи за нив досега немало вакви производи.

Но, супермаркетот Сенсбури во Велика Британија решил да го промени тоа. Од годинава, тие продаваат серија картички за Свети Валентин, кои претставуваат истополови парови.

Едноставните дизајни имаат илустрации од маж и маж, или жена и жена, со насловот „Јас + ти“.

screen-shot-2017-02-07-at-13.05.18

Џејмс Браун, комерцијален директор на Сенсбури, вели: „Избирањето на перфектната картичка за Свети Валентин е лично и сентиментално искуство, што е причината зошто ни е задоволство да понудиме нови вакви честитки за геј пароови и да им дадеме на сите наши заљубени муштерии можност да изберат картичка која е добра за нив“.

Ова не е прв пат гигантот на супермаркети да се бори за правата на хомосексуалците. Минатата и предминатата  година, нивната божикна реклама прикажуваше геј пар.