Во сабота проекција на „Медена земја“ во Градскиот парк во Скопје

Во сабота, во рамките на серијалот проекции „Кино на отворено“, во Градскиот парк во Скопје ќе биде прикажан „Медена земја“.

Филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кој беше номиниран за два оскари, ќе биде прикажан на локацијата кај езерцето од 20 часот.

Бесплатната саботна филмска вечер е дел од културната понуда на Градот Скопје во рамките на кандидатурата за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.