Во Манчестер поставени шилци кои спречуваат бездомниците да спијат пред зградите

Метални шилци чија цел е да спречат бездомници да спијат на земјата биле поставени пред зградите во градскиот центар во Манчестер.

Советот на градот ја осуди одлуката на зградите во Пал Мал квартот. Во Манчестер во изминатите години е зголемен бројот на луѓе кои немаат домување: 78 бездомници и 1600 деца згрижени во привремено сместување во септември 2016.

Шилците се наоѓаат на приватен имот, а компанијата која е сопственик не одговорила на барањата за реакција од страна на Independent.

Портпаролот на Советот на Градот Манчестер, Пет Карни, вели: „Не сакаме да видиме уште една ваква направа во нашиот градски центар“.

„Ова не е одговорот за бездомништвото, дури и е згрозувачки. Има многу бездомници на места како Њујорк, а ова не е решението. Ова само ги отуѓува и лути луѓето“, заклучува тој.