Владата донесе одлука за основање студентски дом во Тетово

На вчерашната седница Владата донесе одлука за основање на Студентскиот дом „Тетово“.

Капацитетот на студентскиот дом ќе изнесува 300 легла, а потребниот кадар, опрема и други услови за работа на Државниот студентски дом „Тетово“ во Тетово се предвидени согласно со нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар за студентските домови, стои во соопштението на Владата.

Оттаму велат дека целта целта на основањето на студентскиот дом во Тетово е остварување на интересите и потребите за престој на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.

Студентскиот дом во Тетово, иако уште недовршен, е дел од конкурсот за прием на студенти во државните и приватните студентски домови за академската 2023/2024 година. 60 легла се предвидени за студентите во I година, а останатите 240 легла се предвидуваат за студентите од IIIIIIVV и VI година и апсолвенти. Сепак во конкурсот има забелешка дека студентите кои аплицираат за сместување во ДСД Тетово ќе бидат условно примени во домот доколку се обезбедат услови за работа до први октомври.

Студентскиот дом во Тетово се најаува од 2016 година, но и покрај бројните ветувања крајните рокови за негово пуштање во употреба беа повеќе пати пробиени.