[Визуелизација] Како Ковид-19 се ширеше во земјите од регионот

Во Северна Македонија и земјите од регионот, последниве недели бројот на новозаразени од Ковид-19 расте. Најголем број случаи има регистрирано во Србија, а најмалку во Словенија.

Во визуелизацијата која ја подготвивме, погледнете како се движеше бројката на случаи со Ковид-19 во десетте држави од поширокото окружување, од првите дијагностицирани случаи на крајот на февруари, па сè до денеска (29 јули 2020).

Во пандемијата со Ковид-19 досега на светско ниво се регистрирани скоро 17 милиони случаи на заразени со новиот коронавирус. Инфекцијата однесе над 660 илјади животи, и предизвика огромни социјални и економски проблеми секаде каде што се прошири.

Даниел Евросимоски

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.