Високите температури го намалија снегот на Алпите и ја загреаа Европа

Алпите не изгледаат онака како што треба за овој дел од годината, недостасуваат врнежи на снег. Несоодветното топло време го обои планинските вериги во зелена боја, пренесува „Euronews“.

Недостатокот на снежни врнежи ги загрижи операторите на скијачките патеки и посетителите. Трева, камења и кал биле видливи неделава во дел од најголемите ски-центри во Австрија, Швајцарија и Германија.

Недостатокот на снег ги обновија грижите за влијанието на несоодветните сезонски температури поврзани со климатските промени.  Од Франција до Полска, во делови од Европа се шета по кратки ракави. Во Полска деновиве температурата стигна и до 1о степени Целсиусови.

Швајцарската национална метеоролошка станица „Метеосвис“ посочи на дел од најтоплите температури регистрирани за овој период од годината.

Метеоролошка станица во Делемонт, на граница со Франција измери температура од 18 степени Целсиусови на првиот ден од 2023 година. Од „Метеосвис“ објавија и шега „Овие температури прават да заборавиме дека моментално е зима“.

Метеоролошката организација при Обединетите Нации посочува дека изминатите осум години се најтоплите досега регистрирани.

Финалниот извештај за глобалната температура на организацијата треба да биде објавен во средина на месецов.

Според француските метеоролози на јужниот и северниот дел од Алпите, количеството на снег е скоро и до нормалната граница. Но, додаваат тие, снежните врнежи се намалени во пониските реони на северниот дел од Алпите и на Пиринеите.

Научниците ги поврзуваат несоодветните високи температури со климатските промени. Според нив, екстремните метеоролошки појави ќе станат постојани, интензивни и подолги доколку властите и луѓето ширум светот драстично не ги намаат испуштањата на јаглерод диоксид.