[Видео] „Види вака“: Македонија е единствена земја во Европа каде долго време нема спроведено попис

Македонија 14 години нема спроведено успешен попис. Засега ниту една од политичките партии не ветила спроведување на попис ако победи на престојните избори, се вели во соопштението за видеото на „Види вака“, кои прават мини анализа за пописот.

Во видеото стои и дека седум отсто од светската популација не е проброена, а Македонија е единствената земја во Европа каде долго време нема спроведено попис.