[Видео] „OpenAI“ ја претстави „Sora“, најновата ВИ алатка која создава инстант видеа од пишани инструкции

Иако алатката сè уште не е достапна за користење, компанијата „OpenAI“ вели дека генеративната алатка за вештачка интелигенција ќе може да произведува висококвалитетни видеа од пишани инструкции.

„OpenAI“ вчера ја претстави својата најнова алатка „Sora“ со генеративна вештачка интелигенција која инстантно прави кратки видеа како одговор на пишаните команди, јавува Евроњуз.

Новата алатка на компанијата не е прва од ваков вид. Слична технологија претходно развија „Гугл“, „Мета“ и стартапот „Ранвеј МЛ“.

Високиот квалитет на генерираните видеа ги запрепрасти корисниците на социјалните мрежи и истовремено ги зголеми стравовите за етичките и општествените импликации.

Алатката сè уште не е јавно достапна, а компанијата откри ограничени информации за тоа како е изградена. „OpenAI“ на својот блог објави дека соработува со уметници, креатори на политики и слично пред да ја објави новата алатка за јавноста.