Европската Унија се поблиску до закон за вештачка интелигенција

Европската Унија (ЕУ) е се поблиску до првиот сеопфатен закон за вештачка интелигенција откако претставниците и владите на земјите-членки се договорија за привремени услови за регулирање на генеративните системи како апликацијата „ChatGPT“, пренесува Радио Слободна Европа.

Преговорите за законот влегоа во вториот ден, а доколку биде усвоен, ова ќе биде првиот поголем закон за вештачка интелигенција во светот.

Според документот во кој Ројтерс имал увид, Европската комисија ќе одржува листа на модели на вештачка интелигенција за кои се смета дека претставуваат „системски ризик“, додека оние кои имаат системи на вештачка интелигенција за општа намена ќе мора да објават детални резимеа на содржината што се користи за нивна обука.

Законот како што пишува Ројтерс, може да ги изземе таканаречените модели со отворен код, односно нема да се применува на бесплатните лиценци и лиценците со отворен код, освен ако не се сметаат за високоризични.

Други пречки како што е употребата на вештачка интелигенција за биометриски надзор допрва треба да се разгледуваат.

Европратениците сакаат да ја забранат употребата на вештачка интелигенција во биометрискиот надзор, но владите бараат исклучок за национална безбедност, одбрана и воени цели.