„ChatGPT4“: „OpenAI“ пушти нова, посилна верзија на чет-ботот

Истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција „OpenAI“ објави понова и посилна верзија од чет-ботот „СhatGPT“, за кој велат дека е покреативна, поточна и помалку пристрасен од првичната верзија, пренесува „Гардијан“.

Според компанијата, новиот систем е мултимодален модел, што значи дека може да се „храни“ од текст и од слики, дозволува корисниците да поставуваат прашања за слики. Истовремено, според „OpenAI“ новиот модел може да се „храни“ и со голема количина на текст и може да запамети и до 20.000 зборови, што значи дека може да напише новела во еден обид.

Новата верзија од денес е достапна за корисниците на „ChatGPT Plus“, платената верзија на чет-ботот.

„OpenAI“, соработувал со комерцијални партнери за новата верзија од ботот, па соработката со апликацијата за изучување јазици „Дуолинго“ сега ќе овозможи корисниците да користат и други јазици. Од друга страна, компании, како во моментов „Stripe“, ќе можат да ја користат подобрената верзија како бот за грижа на корисници, или пронаоѓање на измами во компаниски документи.

„Функцијата ќе му овозможи на GPT-4 да анализира и да одговара на сликите што се испратени заедно со барањата и да одговара на прашања или да извршува задачи врз основа на тие слики“, истакнале од компанијата.

Од „OpenAI“ истакнуваат дека во новата верзија се поправени сите работи кои наидоа на критика кај првичната верзија на чет-ботот, додавајќи дека тие не се елиминирани, со се подобрени, па така новата верзија почесто реагира доколку од неа се бараат медицински и совети за самоповредување, како и барања за недозволена содржина.