[Видео] „Охрабри се, пријави го насилникот“ – Кампања за заштита од семејно насилство

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, подготви кампања за превенција и заштита од семејно насилство во вонредна состојба, преку која жртвите на семејно насилство и јавностa се информираат за препознавање на формите на семејно насилство, каде да се обратат и да пријават за помош и кои се постоечките сервиси за заштита на жртвите на семејно насилство.

„Семејното насилство е кривично дело. Секој има право да го живее сопствениот живот безбедно и во согласност со своите потреби. Затоа Министерството за труд и социјална политика ги охрабрува  жртвите на семејно насилство, но и сите граѓани кои се сведоци или имат сознанија за насилство,  да го пријават на СОС линиите, во најблиската полициска станица, центарот за социјална работа или здравствена установа, за да можат стручните лица да постапат и да ги заштитат од сторителот на  семејното насилство“, порачуваат од МТСП.

Доколку имате потреба од помош или поддршка, или доколку сте сведоци на семејно насилство обратете се до најблискиот центар за социјална работа, во полиција на 192 или на СОС линијата за жртви на семејно насилство на 02/15-315, 02/15-700, 070/141-700, 075/141-700 и 077/141-700.