[Видео] Очите на Неџмија – прозорец кон бездржавјанството

Неџмија (33) е млада жена која веќе долго време се бори со бездржавјанството на своите пет деца. Иако таа поседува македонско државјанство, како и документи за лична идентификација, нејзините деца се оневозможени од тоа право. Една од ќерките на Неџмија има тежок здравствен проблем во пределот на р’бетот за кој е потребно лечење, но поради изводите на децата без матичен број тоа е невозможно. Освен пречките во здравството, образованието за овие пет дечиња е само една незапочната сказна…

Бездржавјанството е долга и мачна патека по која чекорат над 10 милиони лица во светот. Лице без државјанство е лице кое ниту една држава по сила на својот закон не го признава за свој државјанин. Проблемите со кои се соочуваат овие лица имаат почеток, но никогаш и така наречен крај на листата. Кров над глава, здравство и образование се како шеќерна волна врз која некој бесконечно истура кофи со вода. Честата дискриминација на малцинските групи можеби е една и од главните причини која води кон патот на дискриминацијата.

И после толку години борба на 14.06.2023 година, Собранието ги усвои измените на Законот за матична евиденција. Децениската битка за достоинствен живот пристигна до крајот. Да не се повторат судбините на Тони Сали и Мемет Камбер.

Авторка: Мила Тодоровска
*Сторијата е изработена во рамките на менторската програма за млади новинари на Младинскиот Образовен Форум во партнерство со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од УНХЦР и други агенции на ОН. Содржината на сторијата не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и другите агенциите на ОН.