[Видео] Нееднаквоста почнува од раѓање

„Ако успеете да пристигнете на свет, веќе сте постигнале нешто. Женските бебиња повеќе се абортираат од машките. Помала е шансата да се едуцирате ако не сте машко“, ова се дел од фактите кои Гардијан мултимедијално ги претстави по повод Светскиот ден на девојките, 11 октомври. Тие се соочуваат со дискриминација од моментот на раѓање, па низ образовниот систем, здравството, склучувањето брак и вработувањето, пишува Гардијан.

„Двојно повеќе девојки, за разлика од момчиња, никогаш нема да започнат училиште.

Милиони девојки се подложни на генитално осакатување. Обединетите Нации го нарекоа тоа насилство врз човековите права на девојките и жените.

Имате поголема шанса да се омажите млади. Една од четири девојки, на светско ниво, се мажи пред да наполни 18 години.

Секој месец, кога имате менструален циклус би можеле да бидете одбегнувани. Во некои земји ве гледаат како недопирливи и сте приморани да спиете надвор.

Како девојка, постои поголем ризик да се заразите со ХИВ. Девојките на возраст од 10 до 14 години почесто умираат од болести поврзани со СИДА, за разлика од момчињата.

Во светот, најголем убиец на девојките помеѓу 15 и 19 години е самоубиството.

Тинејџерките се изложени на поголем ризик од небезбеден абортус, за разлика од жените. Смртта на мајката е втора најголема причина за смртноста кај девојчиња помеѓу 15 и 19 години.

Ако успеете да стигнете до училиште, рано да стапете во брак и да добиете платена работа, големи се шансите дека ќе заработувате помалку од вашите машки колеги, за истата работа.

Во моментов, потребни би биле повеќе од 100 години за да се стави крај на нееднаквоста помеѓу девојките и момчињата. Светските лидери ветија дека ќе и стават крај до 2030 година“, се вели во видеото на Гардијан.