[Видео] Медиумска саморегулација: Да се признае и поправи грешка

Медиумите мора добрo да ги проверат своите информации и извори, a новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Исто така, треба да внимаваат и на речникот и термините што ги користат. Најголем дел од жалителите веруваат во саморегулацијата затоа што сметаат дека медиумите се дел од граѓанското општество и се негови партнери, се вели во новото видео на Советот за етика во медиумите (СЕММ) именувано „Медиумска саморегулација: Да се признае и поправи грешка“.

Од СЕММ ги повикуваат сите да пријавуваат случај на непрофесионално известување преку нивниот сајт (преку опцијата „Поднеси жалба“).