[Видео] Кино во кое бездомниците во Делхи се чувствуваат „слободни“

Во главниот град на Индија, Делхи, се проценува дека живеат приближно 100 000 бездомници.

Повеќе импровизирани кина им обезбедуваат забава и одмор за 7,5 центи, а за 15 центи тие може и да преспијат.

Во киното дневно доаѓаат околу 200 луѓе, меѓу кои и мигранти кои работат таму.

„Кога бездомник беше избркан од киносала пред мене, се почувствував лошо и сакав да направам нешто за тие луѓе“, вели сопственикот на импровизираните кина Санџај Јадав.

Целата приказна ја има Би-Би-Си, која може да се погледне во видеото во продолжение: