[Видео] Фото-студио „преправи“ бездомници во деловни луѓе за хуманитарна акција

Бездомници од германскиот град Дизелдорф во фото-сесија позираат во облека и окружување на директори, професори, модни дизајнери и архитекти, во заеднички проект на маркетинг агенција, фото-студио и хуманитарна организација за разбивање на предрасудите и промена на начинот на кој општеството гледа на бездомниците.

Фотографиите се изложени за продажба на интернет-страници за бизнис-фотографии, а собраните средства ќе бидат вложени во изградба на живеалишта за бездомници.

Повеќе можете да погледнете во видео-сторијата на Дојче Веле.