[Видео] „Ѕид и синџир“ – приказна за Берлинскиот ѕид направена како реклама

Интернационалната страница за сместување низ целиот свет Airnbнb, направи краток анимиран филм поврзано со годишнината од падот на Берлинскиот ѕид на 9 ноември 1989 година. Филмот насловен „Ѕид и синџир“ ја раскажува приказната за една жена по име Кетрин која во 2012 година го вратила нејзиниот татко Јорг во Берлин, за првпат по падот на Ѕидот.

„Филмот е сведоштво за моќта на гостопримството и издржливоста на човечкиот дух“, пишува на веб-страницата на компанијата како коментар за филмот.

Во мај, во Берлин стапија на сила закони за домување со кои се ограничува издавањето на соби и бараат одобрување и регистрација.

 

Извор: Mashable