Вечерва на МОТ – „градот како сцена“ и театарско-танцови перформанси

Во рамки на Младиот отворен театар (МОТ) на денешната програма се танцово-театарските перформанси „Кêм“ (Германија) и „Сингуларност“ (Естонија/Норвешка).

Дополнително, ќе биде одигран и првиот чин „ЧИН 1: Градот како сцена – изгубени (модернистички) утопии“ од Театарската инсталација во три чина – колаборативен проект на Филип Јовановски.

Фестивалската вечер ќе започне на Факултетот за драмски уметности (ФДУ), каде со почеток од 19 часот ќе започне „Кêм“, танцово-театарски перформанс во режија на Мирза Метин, а веќе од 20 часот, во Железничката зграда во Центар ќе се одржи првиот од трите чина на „Градот како сцена“, кој ќе продолжи на 17 и 18 ноември во рамки на МОТ.

Вечерта ќе биде заокружена со „Сингуларност“ – мултимедијално дело за танц, интерактивен звук и визуелни елементи, кое ќе започне од 21 часот во МКЦ, во салата 25 Мај.

Од МОТ посочуваат дека „Кêм“ претставува богат танцов израз, перформанс базиран на курдските ритуали.

„Новата претстава на Мирза Метин, ‘Кêм’ се состои од низа слики од соништата изведени од Хикран Демир. Во Кем, курдската култура и ритуали играат централна улога во создавањето моќна изведба. Мистериозни грмушки, црни балони, портокалова леќа, говенди (танци), гласови на сегашноста и праисторијата и
магични вдишувања ја придружуваат изведбата за да ја пронајдат примарната моќ на телото и да ги отворат вратите на визуелниот, аудитивниот и физичкиот сон на сцената“, велат организаторите.

Колаборативниот проект на Филип Јовановски – „ЧИН 1: Градот како сцена – изгубени (модернистички) утопии“, ќе започне во 20 часот во  Железничката зграда.

„’Градот како сцена II – приказна за шетачот’, продолжение на истражувањето претставено во рамки на националниот павилјон на Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година, како дел од платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики, Градот како сцена“, велат од МОТ.

Оттаму додаваат дека „Градот како сцена II – приказна за шетачката“ е тридневен настан (поеден перформанс дневно) кој во целината создава театар/изведба.  Н

„Настанот  за МОТ е акција што треба да предизвика релации во локалната но и интернационалната заедница. Практично сакам/е да си играме со протоколите на тоа што е театар? Што е тоа што одредува театар? Што дефинира што претставува одредена сцена? Кога и како јавниот простор се трансформира во  сцена? Тоа се голем дел од прашањата кои ги отвараме со оваа тридневна програма“, се вели во описот за перформансот.

Според кураторот и еден од авторите на перформансот,  Филип Јовановски, соработката со Прашкото квадринале, како една од најрелевантните интернационални институции за театар, е важна поради блискоста и промоцијата на интердисциплинарната пракса во современот театар која се наоѓа во врската помеѓу просторот  и изведбата.

Автори на проектот се Алембик, Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска, додека куратори се Филип Јовановски и Ивана Васева.

Од МОТ посочуваат дека годинава е одбележана со  соработка за презентирање на партнерство на ФРУ со Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ),  преку „Градот како сцена II – приказна за шетачката“, инсталација во три чина која се надоврзува на претходните проекти и изведби кои „Факултетот за работи што не се учат – ФРУ“ ги прави веќе 10 години, со читањето на градот, јавниот простор и конкренти објекти, од 2013 – 2023 година.

„Сингуларност“ – мултимедијално дело за танц, интерактивен звук и визуелни елементи во режија на Кули Росна и Кенет Флак, ќе започне во 21 часот во Младинскиот културен центар.

Организаторите посочуваат дека изведбата е обид за автопоезис и самосоздавање,  а како чувствителен софистициран танцов перфрманс, има одличен спој на звук и слики.

„Што значи слободата кога сè е поврзано? Кога просторот е заситен со приказни барајќи од мене да следам
или да се маѓепса. Влегувајќи во вортексот на самиот себе, не знаејќи кој и што ќе остане. Ја дефинираме сингуларноста како уникатност и недостапност на внатрешниот живот. Како особеност на сето искуство. Како простор каде што сите намери и описи пропаѓаат, отворајќи се за нови квалитети. Како отуѓување од она што мислиме дека го знаеме. Како влегување во зоната“, се вели во описот на делото.