Вечер на француска класична музика на „Скопско лето“

Француската виолончелистка Фредерик Легранд, со пијанистката Марија Вршкова и виолинистот Марко Поп Ристов, вечерва од 20:30 часот во Музеј на Град Скопје ќе настапат на „Скопско лето“ со концертот насловен „Вечер на француска класична музика“.

Тие ќе изведат дела од Дебиси, Купрен, Пуланк и други.

Легранд почнала да свири пијано на три години, а откако дипломирала на конзерваториумот во Валенсиен изучувала виолончело со Дејвид Лоутерс и Елен Датри. Дипломирала на Кралскиот колеџ за музика во 2009.

На „Скопско лето“ утревечер од 22 часот во Сули ан концерт ќе има Младинскиот светски џез-оркестар, предводен од диригентот Луис Бонила од САД.