Училиштата во Велика Британија го забрануваат „Снепчет“

Дел од училиштата во Велика Британија веќе започнаа да им забрануваат „Снепчет“ на учениците во текот на наставата, а детскиот комесар Ана Лонгфилд смета дека родителите би требало да продолжат со истата пракса и по училиште.

Според неа, „Снепчет“ поради своите можности предизвикува своевидна зависност кај децата. Тоа особено се однесува на континуираното допишување помеѓу пријателите подолго од три дена. Децата меѓусебно се натпреваруваат кој подолго ќе издржи.

Таа ги предупреди родителите да ја проучат апликацијата која нивните деца ја користат и да се запознаат со сите нејзини можности.

„Ако не сте сигурни, подобро немојте да им дозволувате на децата да користите Снепчет“, истакнува комесарката.

Во неодамна објавениот извештај, Лонгфилд предупредила на негативното влијание на социјалните мрежи врз децата, бидејќи пред се создаваат притисок дека треба постојано да бидат присутни и дека младите преку лајкови собираат одобрување од своите пријатели.

„Снеп“, компанијата која го создаде „Снепчет“, ја брани својата апликација и тврди дека таа поттикнува комуникација меѓу пријателите, беплатно за коментирање, лајкови и споделување.

„Многу сериозно ја сфаќаме нашата обврска да создаваме безбедно искуство за нашите корисници и продолжуваме со вложување во сите средства што тоа би го обезбедило“, порачува компанијата.