ТВ дебата за медиумското известување на локалните избори

Како се конструира пристрасноста во новинарското известување и како медиумите известуваа за последните локалните избори е тема на телевизиската дебата во понеделник(29-ти април) ја организираат Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Тера Телевизија. Дебатата ќе се одржи во Народниот театар во Битола со почеток во 12.30 часот.

ТВ дебата за медиумското известување на локалните избори

На настанот ќе се презентираат наодите од анализата на медиумското врамување на политичките актери во кампањата за локалните избори. Исто така ќе се разговара и за можните решенија за надминување на состојбата, односно што нуди новиот предлог закон за медиуми во делот на постигнување на демократските цели на регулацијата, а што иницијативите за почитување на етичките правила во вршењето на новинарската професија.

На ТВ дебатата ќе учествуваат уредници, новинари, професори, преставници на невладини организации, експерти, претставници на државни и јавни институции, преставници на меѓународната заедница и студенти на Високата школа. Дискусијата ќе се емитува во живо на регионалната ТВ станица Тера од Битола и на видео-стриминг кој ќе може да се следи на следните веб страници: www.vs.edu.mk, www.unescochair-vs.edu.mk и www.tera.mk.

Ова е трета дебата во рамките на активностите на проектот „Набљудување на известувањето на медиумите за партиско – политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период“, кој Високата школа го реализира со поддршка од Амбасадата на Холандија и Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.