Трета „Baby Rave“ журка за родители и деца до осум години

„Ајде да рејваме! ‘Baby Rave’ е журка за бебиња и деца до 8 години, во придружба на возрасни. Постари сестричиња, братчиња и другарчиња се исто така добредојдени. Дојдете ни да се забавуваме и заедно да танцуваме. Ве очекуваме на подиум!“, стои во најавата за третото издание на „Baby Rave“, кое ќе се одржи на 19 февруари од 11 часот во „Brutaliskp“.

Според организаторите, на „Baby Ravе“:

# Секое дете треба да биде придружувано од возрасен
# Возрасните се одговорни за своите деца
# На подиумот децата и возрасните танцуваат заедно
# Јачината на музиката ќе биде прилагодена и потивка од вообичаените забави
# Очекувајте разнобојни светла (и декорации)
# Капацитетите за седење со ограничени
# Групи сочинети само од возрасни лица не можат да присуствуваат

Повеќе инфо за билетите – ТУКА.