Традиционална Бруцошка забава на ФЕИТ во петок

Во петок (13 октомври) во дворот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе се одржи добропознатата традиционална Бруцошка забава на ФЕИТ.

Настанот на кој се предвидени две сцени, односно дворот и холот на ФЕИТ, ќе започне во 20 часот.

„Бруцоши и не-бруцоши, УКИМци и не-УКИМци, задоволство ни е да ве поканиме на овогодинешното издание на нашата Бруцошка! Единствениот баксуз на овој петок 13-ти ќе биде да не сте на Руѓер Бошковиќ 18“, велат од Факултетското студентско собрание при факултетот (ФСС-ФЕИТ).

На главната сцена најавени се настапи на „КЕМ“, „Sexy Marsa“, „Bon Praskiza“, „Nako“, „5R“, „Funk Shui“ и „Ana Malo“. Во меѓувреме, во холот на ФЕИТ, најавени се ди-џеј сетови на „Katarina“,, „Dina“ и „Lesya“.