Првата епизода на студентскиот подкаст „Елфаско“ зборува за работничките права

Студентите од Факултетското собрание на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС-ФЕИТ) го „лансираа“ подкастот „Елфаско“.

„Во првата епизода ќе го слушнете разговорот меѓу нашата водителка, Мери Ордевска, и Наташа Петковска, правна советничка во Хелсиншкиот комитет за човекови права. Темата е Први мај, историјата на борбата за работнички права во светот и во Македонија, како и најважните работи кои треба да му се познати на секој студент и млад работник – пракса, типови работни договори, заштита од експлоатација, работнички здруженија и работа од дома“, информираат од студентското собрание.

„Елфаско“, велат од ФСС-ФЕИТ е воедно и продолжение на истоименото студентско списание, за прв пат издадено во 1993 година, од студентите на тогашниот Електротехнички факултет во Скопје. На него работеле Анастасија Марковска, идеја и сценарио, снимањето и монтажата ги направил Владимир Китановски, а техничка поддршка дале Емилија Митовска и Дариа Најденовска.

Подкастот е достапен за слушање на Soundcloud овде и на Spotify овде.