Тим од пензионери „растура“ во „Кантер страјк“

Најстариот тим кој официјално се натпреварува на турнири во видеограта „Counter Strike: Global Offensive“ е составен од пензионери што во просек имаат по 71 година.

Станува збор за екипата „Сребрени снајпери“ која доаѓа од Шведска.

Најстариот играч има 81 година, додека најмладата членка, со прекар „Teen Slayer“ има 62 години.

Членовите на „Сребрените снајпери“ велат дека играњето CS:GO им ја подобрило самодовербата и менталното здравје. Инаку, нивнот најнов настап беше на неодамнешниот турнир DreamHack Winter 2017 во Шведска.

За таа цел тие дури ангажирале и професионален тренер кој ги подготвувал за настапот.