Танчарите со Даунов синдром од Dancers United освоија бронза во Данска

Танцовата група составена од членови со Даунов синдром Dancers United од Скопје вчера го освои третото место на Светското првенство во модерни танци во Копенхаген, Данска.

Во натпреварувачката група учествуваа танчарите Ана Беќарска, Моника Бисовска, Христијан Стојанов, Дарко Ефтимовски, Ена Митревска, Александар Матовски и Оливер Блажевски.

Нивни ментори и тренери беа Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска.