Свирка на „Red18“ во скопскиот бар „Oro Radio“

Младиот македонски бенд „Red18“ на 25 јануари (четврток) ќе има свирка во скопскиот бар „Oro Radio“.

„Нивната енергија на бина е импресивна и едвај чекаме да ги видиме во ОРО, повелете на свирка“, велат од барот. Свирката ќе започне во 20 часот.

Бендот зад себе го има албумот „Red18’s Grit“, а минатиот месец во етерот излезе и нивниот прв сингл на македонски „Единствен“.

„Сакаме да експериментираме, да најдеме наш звук, да видиме што ни лежи најмногу. Од кај знаеме што сакаме да направиме, ние може и самба ќе правиме, може албум на италијански ќе извадиме“, изјавија младите музичари во интервју за Радио МОФ.

На проба кај „Red18“: И двајца луѓе навистина да те слушнат и да те разберат ти значи сѐ на светот