Суд на ЕУ: Неселективно чување податоци за електронски комуникации на граѓаните е незаконско

Судот на ЕУ утврди дека властите во државите членки на Унијата не треба неселективно да собираат и чуваат податоци за електронските комуникации на граѓаните.

Оваа судска одлука претставува удар за спорните законски мерки што ги донесоа Велика Британија и Шведска за електронско следење на комуникациите.

Според Судот, земјите од ЕУ можат да чуваат податоци поврзани со сериозни криминални актовности само со одредена цел. Во случаите на Велика Британија и Шведска, со законските решение не се води сметка за поврзаност на зачуваните податоците со постоењето закана за јавната безбедност.

Државите од Унијата, кои бараат од телекомуникациските компании неселективно чување на податоците, треба да го сменат своето законодавство, оцени Судот.